Македонија

Груевски ќе ги посети поплавените подрачја во Новаци и Могила

Груевски ќе ги посети поплавените подрачја во Новаци и Могила

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе ги посети поплавените подрачја во општините Новаци и Могила.

Со почеток во 14:00 часот, премиерот ќе оствари средба со граѓаните од поплавените локации во општина Новаци.

Потоа во 14:30 часот, ќе се одржи состанок со локалниот кризен штаб во општината Новаци, на кој ќе присуствуваат градоначалниците на општина Битола, Владимир Талески, на општина Новаци, Лазар Котевски и на општина Могила, Стево Пивковски.

Потоа, премиерот ќе оствари средба со претседателот на Сојузот на земјоделци, Вељо Тантаров и група земјоделци, во општината Новаци.

Во 15:30 часот, ќе се посети општина Могила и оштетениот мост на река Шемница.

Премиерот Груевски ќе ги посети и поплавените локации во село Ношпал по стариот пат за Прилеп.