Македонија

Груевски ќе ги посети реоните погодени од обилни врнежи во штипско

Груевски ќе ги посети реоните погодени од обилни врнежи во штипско

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес ќе го посети штипскиот регион и ќе изврши увид во состојбите во реоните погодени од обилните врнежи.

Во 14:00 часот, премиерот Груевски ќе ја посети општината Штип каде ќе оствари средба со градоначалниците од погодените општини.

Потоа, премиерот ќе ги посети населените места Ново Село, Кежовица и месност во близина на Кежовица викана 4-ти километар.

фото: МИА