Груевски ќе оствари политичка посета на Индија

Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав е министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф, заменик министерот за економија Христијан Делев и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекероски од денеска во наредните неколку дена се во економско политичка посета на Република Индија.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски денеска ќе престојува во градот Ахмедабад, каде ќе учествува на седмиот глобален самит Вибрант Гуџарат кој ќе трае од денеска до 13-ти овој месец, а ќе го отвори индискиот премиер Нарендар Моди. За време на самитот премиерот Груевски се очекува да оствари повеќе одвоени билатерални средби на политичко и економско ниво.

Самит започна како инвеститорски во 2013 та година, но по својата улога значење и влијание прерасна во глобална платформа на знаење и соработка, социјални и бизнис трансформации кои треба да го помогнат економскиот и политички развој на државите. Самитот постепено се разви во значен економски настан каде се презентираат потенцијалите за инвестирање, но и можностите за соработка на трговски, индустриски и економски план.

На овогодинешниот самит се очекува да присуствуваат околу 7.000 делегати, и тоа од академската средина, претставници на глобални компании и корпорации од автомобилската, технолошката, градежната, телекомуникациската индустрија, како и голем број политичари. На настанот ќе бидат присутни и главните луѓе на 50-те најголеми компании во Индија.

Првпат држави партнери на овој настан кој се одржува во индиската држава Гуџарат се САД, Велика Британија, Јапонија, Холандија, Канада, Австралија, Сингапур. Индиските власти го најавија и присуството на генералниот секретар Обединетите нации Бан Ки Мун.

За време на самитот премиерот Груевски се очекува да оствари повеќе одвоени билатерални средби на политичко и економско ниво.

Градот Ахмедабад, е еден од главните политички и економски центри на индиската држава Гуџарат. Има околу 6 милиони жители и е најголем град во оваа индиска држава. Списанието Форбс го прогласи овој град за 10. најбрзорастечки град во Индија. Бруто домашниот производ минатата година изнесувал 64 билиони долари.

Премиерот Груевски во рамките на престојот во Индија ќе ги посети и градовите Ченаи, Калкута, и Џајпур каде ќе бидат преставени можностите за инвестирање во Република Македонија.

Република Македонија и Република Индија имаат воспоставено дипломатски односи во 1995 година. Економските и политички односи бележат нагорен тренд. Индија е 10-та најголема земја во светот според номиналниот бруто домашен производ и една од најбрзорастечките економии во светот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.