Груевски ќе присуствува на отпочнувањето на изградбата на гасоводот Клечовце-Штип

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отпочнување на изградба на магистралниот гасовод делница Клечовце – Блок станица 5 (Штип).

Церемонијата за почеток на работите ќе се одржи во реонот на кумановското село Клечовце, во непосредна близина на регионалниот пат Куманово – Свети Николе со почеток од 13:30.

Од гасоводот Клечовце – Неготино кој е планиран во должина од 96,6 километри, „Стројтрансгас“ треба да изгради 61 километар до јуни следната година.

Вредноста на проектот изнесува 75,7 милиони долари, од  кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг.