Македонија,Политика

Груевски: Ќе продолжи проектот за самовработување на млади до 29 години

Груевски: Ќе продолжи проектот за самовработување на млади до 29 години

Предвидуваме кредит до 7.000 евра со каматна стапка од 1 отсто, 18 месеци грејс период и рок на отплата до 66 години, за самовработување и основање на сопствен бизнис на лица до 29 години, рече премиерот Никола Груевски на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македониј“ во Гевгелија.

„Дополнително, доколку некој започне сопствен бизнис преку ова програма за следните четири вработени во тој бизнис, ако се на возраст до 29 години, може да се добие уште по 4.000 евра кредит под истите услови и да се стигне до 23.000 евра со 18 месеци грејс период, 66 месеци рок на враќање и само 1 процент камата на годишно ниво. Тоа се одлични услови за младите да започнат бизнис“, нагласи Груевски.

Тој додаде дека во програмата е предвидено работодавачите кои ќе вработат млади луѓе до 29 години, во првите 12 месеци да бидат ослободени од плаќање на придонесите и персоналниот данок на доход, што е 37 отсто од вкупната бруто плата.

Груевски посочи дека на тој начин сакаат работодавачите да ги стимулираат да вработуваат што е можно повеќе млади луѓе во Македонија.