Груевски: Ќе продолжи зголемувањето на пензиите, социјалната помош и платите

Како и во 2014-та, така и во 2015-та, ќе продолжиме со ветеното зголемување на пензиите, социјалната помош и платите во јавниот сектор, вели во своето новогодишно обраќање премиерот Никола Груевски.

Тој додаде дека како и во 2014-та, така и во 2015-та ќе продолжиме со политиката за поддршка на земјоделството и македонското село со нови 150 милиони евра за субвенции и рурален развој.

„Ќе го продолжиме и проктот Купи куќа купи стан со новите подобрени услови за оние кои имаат потреба од куќа или стан, проект преку кој досега над 430 семејства го решија својот станбен проблем и секако ќе продолжат сите други наши проекти кои даваат добар резултат или наоѓаат одличен одѕив кај народот, како што се бесплатниот железнички превоз и бесплатниот влез во културните установи во одредени денови во неделата за младите и пензионерите, бесплатниот викенд за пензионерите кој ќе почне во 2015-та и мерката за субвенционирање на придонесите на секој кој ќе вработи млади луѓе до 29 години, мерка со која 5700 лица во 2014-та се вработија, како и можностите за ултра поволни кредити за младите луѓе кои сакаат да започнат бизнис. Преку другите активни мерки за вработување обезбедивме уште над 5000 работни места во 2014-та, а најмалку толку ќе има и во 2015-та. Не беа и нема да бидат заборавени лицата со хендикепт, на кои континуирано им се помага со постојните и со нови мерки“, вели во обраќањето.

Ветениот отпис на долгови, под одредени услови, е во длабока фаза и тој ќе заврши. Досега над 2000 ранливи категории лица добија решенија за отпис на различни долгови во износ од над 2 и пол милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.