Македонија,Политика

Груевски: Ќе продолжиме да создаваме дела и да работиме за нашиот народ

Груевски: Ќе продолжиме да создаваме дела и да работиме за нашиот народ

Ќе продолжиме да создаваме дела и да работиме со сета сила за нашиот народ, благодарни и одговорни кон довербата која ни се дава, истакна денеска премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, презентирајќи го отчетот за сработеното во изминатите три години.

„Ќе нудиме програми реални и остварливи и како денеска ќе даваме отчет за тоа што сме го реализирале, претходно сме го ветиле затоа што тоа не прави различни нас од нашите опоненти и конкуренти“, нагласи премиерот.

Сите овие мерки, активности, проекти се донесуваат, рече тој, на сите граѓани на Македонија.

„Секој еден може да се пронајде во барем, еден проект, а во најголем број на случаи во многу повеќе проекти од еден. Денеска во овој контекс кога зборувам за нашите проекти ќе констатирам само еден факт, ако ги слушам нашите средби со граѓани многу често при сета нашата работа, мерки, реформи, конкретни дела, без разлика дали се поевтини лекови, апарати, нови болници, реновирање на постојни, нови патишта нови водоводи, нова инфраструктура, автопати, енергетика, нови капацитетите, нови фабрики, нови работни места, или револуционерни промени за поквалитетно и подостапно образование или директна помош за земјоделците во Македонија, субвенции или намалени даноци, поволно земјиште, помош при откуп, ниски или рмани даноци, најдобра клима за бизнис во Европа, зголемени плати и пензии, минимална плата и зголемена минимална плата, борба против криминал и корупција, реформи во администрацијата и судството, принципиелни и достоинствени ставови за прашањето за името или други конкрентни чекори, мерки или проекти кои го подобриле животот на нашите граѓани“, истакна Груевски.

Тој изрази жалење што за сите овие проекти опозицијата во Македонија ниту еднаш не собра сила и не покажа доблест да поздрави или да пофали барем еден единствен проект.

„Опозицијата во Македонија ниту еднаш не собра сила и не покажа доблест да поздрави или да пофали барем еден единствен проекте само што нема сила да каже добар збор, тие се што ќе направиме без разлика колку е квалитетен и на колку луѓе директно ќе помогне тие критикуваат со гнев напаѓаат потцвенувајќи ги граѓаните и нивната свест и тврдејќи дека не постојат дела…“, потенцираше тој.

Но, тоа, смета тој, кажува за нив и за нивните вредности.

„И јас само ќе им посакам да продолжат да живеат во тој филм и да се лажат самите себе дека не е до нив што народот не ги бира и не им ја дава довербата во мнозинство, туку дека народот е во заблуда и е изманипулиран. Нека се лажат самите себе а ние ќе продолжиме да создаваме дела и да работиме со сета сила за нашиот народ, благодарни и одговорни кон довербата која ни се дава“, нагласи премиерот и лидер на најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

Во отчетот, како што нагласи Груевски, се поместени вкупно 1.376 проекти од кои што 1.009 се веќе целосно реализирани, 320 се во тек поради временската рамка за нивна изработка, додека 38 проекти се ветени, но неисполнети, поради, како што рече краткиот временски период за нивно спроведување, од неполни три години.