Груевски: Ќе се гради експресен пат од Штип до Радовиш

Со новата програма ветуваме дека во предвидениот рок од три години ќе заврши изградбата на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го истакна ова на митингот кој вечерва партијата која ја предводи Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржа во Струмица.

„Во 2017 ќе започне градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип до Радовиш и ќе се спои со новоизградениот пат меѓу Радовиш и Струмица кој значително ја зголеми безбедноста на патувањето во кој вложивме 8 милиони евра за изградба на тие 10 километри“, нагласи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред струмичани ја промовираше новата програма „Проверено“ за периодот 2014-2018 за која истакна дека е најобемната и најдобрата програма некогаш понудена во Македонија.