Груевски: Ќе се намалува ДДВ за повеќе групи производи

Со програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ во која се содржани 2.046 нови проекти се предвидува и намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто на сточната храна и адитивите за сточна храна, на живиот добиток, на бебешките производи, на училишниот прибор…

„Намалување на ДДВ од 18 на 5  отсто на сточна храна и адитиви на сточна храна, намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за жив добиток, за бебешки производи, училиштен прибор, намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“. Првите три години наместо 4,9  отсто ќе изнесува 3,95  отсто, а во 4 и 5 година наместо 5,5, ќе биде 4,44 отсто,“ наброи Груевски.