Македонија

Груевски ќе се сретне со директорот на Гентерм

Груевски ќе се сретне со директорот на Гентерм

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, ќе оствари средба со Јорг Еверс, директор на компанијата Гентерм за Европа.

По средбата ќе следува потпишување на договорите за реализација на инвестицијата на Гентерм во технолошко индустриската развојна зона Прилеп.