Македонија

Груевски ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Груевски ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски денеска престојува во официјална посета на седиштето на НАТО во Брисел.

Како што стои во соопштението од НАТО, Груевски денеска во 13. 30 часот ќе има средба со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Инаку, ова ќе биде прва средба помеѓу Груевски и Столтенберг, кој како генерален секретар се уште не ја посетил Македонија.