Груевски ќе се сретне со Илир Мета

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.