Груевски ќе се сретне со шефовите на дипломатијата на Италија, Бугарија и Унгарија

merka za socijalno zagrozeni lica
merka za socijalno zagrozeni lica

Во рамките на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централно европската иницијатива, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, ќе оствари средба со Паоло Џентилони, министер за надворешни работи на Република Италија.

ИСто така, предвидено е премиерот Груевски, да оствари средба со Даниел Митов, министер за надворешни работи на Република Бугарија и со Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Република Унгарија.

Средбите ќе се одржат во хотел Метропол, Охрид.