Груевски ќе се сретне со заменик претседателот на Виетнам

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе оствари средба со Нгујен Ти Доан, заменик претседател на Социјалистичка Република Виетнам.

Како што информираат од владината прес служба, по средбата ќе следува потпишување на Договорот за економска соработка помеѓу двете земји, кој ќе биде потпишан од Беким Незири, министер за економија на Република Македонија, и До Танг Хаи, заменик министер за индустрија и трговија на Социјалистичка Република Виетнам.

Во рамките на настанот ќе биде потпишана и Спогодбата за укинување на визи за носители на дипломатските и службените патни исправи, која ќе ја потпишат Драгана Кипријановска, заменик министер за надворешни работи на Република Македонија, и Ву Хонг Нам, заменик министер за надворешни работи на Социјалистичка Република Виетнам.