(ВИДЕО) Груевски: Ќе се замени 60 отсто од возниот парк на македонски железници

Инвестицијата која долго време беше очекувана во Македонија за набавка на нови локомотиви и вагони денеска ја прецизираше премиерот Никола Груевски, на денешната промоција на Лабораторија на Градежниот факултет во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот појасни дека се порачани товарни и патнички вагони и локомотиви, поточно порачани се 150 товарни вагони вредни околу 13 милиони евра и шест локомотиви со гарнитури во вредност од околу 23 милиони евра.

Тој појасни дека веќе е склучен договор за набавката на 150 товарни вагони. Првата испорака се очекува во месец јули, а сите ќе пристигнат во земјава до крајот на годинава.

Средствата за оваа инвестиција, како што потенцираше премиерот, се обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

Груевски истакна дека договорот за локомотовите ќе биде потпишан во март оваа година со компанија која ќе ги произведе и достави во Македонија. Од шесте планирани локомотиви две на електричен погон, а четири на дизел. Сите ќе имаат гарнитури за по 1200 патници.