Груевски: Клучна цел на Владата е намалување на невработеноста

Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од вчерашниот народен собир пред охриѓани потенцира дека една од клучните цели на Владата на партијата е намалување на невработеноста.

Според него, во охридскиот регион, бројот на невработени во 2007 година изнесувал 29.610 лица, а оваа година е намален и изнесува 21.872 лица.

– Од 2007 до сега во Охрид и регионот имаме намалување на невработеноста за 8.000 лица од 29.000 на 21.000, при што само со активните мерки за вработување се вработија 1.500 лица, рече Груевски.

Со проектот за отпис на долгови, информира дека досега се отпишани долгови во висина од 10 милиони денари на 300 семејства. Проектот за бесплатна бања досега го искористиле 2.600 пензионери, од кој само оваа година 400, а со проектот за бесплатен туристички викенд се опфатени над 200 пензионери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.