Груевски: Колку повеќе Заев излегува, толку повеќе се разобличува самиот себе си

Забележав дека Заев „мртов ладен“ призна дека во семејството Верушевски  било нормално да се комуницира во пораки и во шифри, рече премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира тоа што Заев самиот ја призна веродостојноста на пораките на семејството Верушевски објавени во медиумите.

Тој нагласи дека Заев претходно тврдел дека воопшто не го познава семејството Верушевски, за потоа да излезе и јавно да потврди дека било сосема нормално во тоа семејство да се комуницира во пораки со шифри.

– Тоа го говори за човекот за кој до пред некое време тврдеше дека не го познава, дека нема контакти со него, а сега веќе знае како тој и жена му се допишуваат и тоа го смета за сосема нормална работа и го оправдува пред јавноста. Човекот кој на неговото семејство му купил компјутер и кој се подготвувал да купи и автомобил, ама ете според него за несреќа не се случила таа работа. Ќе видиме времето ќе покаже дали се случила или не. Целата ситуација станува помалку и смешна. Колку повеќе Заев излегува на телевизија, толку повеќе се разобличува самиот себе си од лагите и интригите во кои самиот се вовлече заедно со луѓето кои што го подготвуваат ова за него, нагласи Груевски.