Груевски во посета на глобалната компанија Хуавеи

Како што информира владината прес-служба, Груевски ги запозна претставниците на компанијата со условите за водење бизнис во Македонија, поволниот даночен пакет со кој располага земјата и отвореноста за привлекување на нови инвестиции.

Истовремено премиерот Груевски ја истакна заложбата на владата за инвестиции во образованието за што секоја година се одвојува 5 проценти од вкупниот буџет. Отворен е и нoв универзитет за информатички технологии „Свети Апостол Павле“, а постојано се прават реформи насочени кон развој на информатичкото општество.

Груевски во посета на глобалната компанија Хуавеи
Груевски во посета на глобалната компанија Хуавеи

Компанијата е водечки бренд нa телекомуникацискиот пазар, производите од информатичкото општество и панирање, која се рангира во 500-те најголеми компании на Global Fortune.

Инаку Хуавеи е компанија која има своја канцеларија за врски во Скопје. Со раководството на компанијата беше разговарано за разгледување на можностите за понатамошна продлабочена соработка и можностите за проширување на македонскиот пазар.

Хуавеи има свои планови за проширување

Претставниците на…