Македонија

Груевски: Комплексот Плаошник ќе биде најатрактивно место за туристите

Груевски: Комплексот Плаошник ќе биде најатрактивно место за туристите
Груевски: Комплексот Плаошник ќе биде најатрактивно место за туристите најатрактивно место за туристите

Возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник чија изградба е во завршна фаза ќе биде најголем магнет за туристите, оцени премиерот Никола Груевски при денешната обиколка на комплексот во рамките на неговата работна посета на охридскиот регион.

Тој, како што нагласи, комплексот Плаошник ќе биде место каде посетителите најдолго ќе се задржуваат од причина што има многу содржини.

Ќе има многу работи што може да се видат и навистина ќе стане најатрактивно или во првите три-четири најатрактивни локации за туристите во Охрид што ќе биде дополнителна понуда за привлекување на туристи во Охрид, но и во Македонија, рече Груевски.

Објектите се изградени до фаза на карабина
Објектите се изградени до фаза на карабина

Според него, проектот се одвива според планираната динамика.

Засега работите се движат во добра насока. Наскоро треба да почне и градбата на фасадата што значи дека околу Нова година или првата половина на следната година очекувам да биде затворена фасадата на речиси сите објекти и во тој правец работите одат според планот, рече Груевски.

Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташевска посочи дека објектите се изградени до фаза на карабина.

Проектот предвидува шест објекти од кои во завршна фаза е резиденцијалниот објект и манастирскиот конак. И двата објекти се наоѓаат источно од Свети Климентовата црква. Во завршна фаза е и Музејот на Плаошник, Центарот за хуманистички науки и Светиклиментовата библиотека каде во моментот се изведуваат покривите и од понеделник почнуваме со оформување на фасадниот изглед на објектите, рече директорката Паскали Бунташевска.

Отпочнато е со реализација на првата ламела од Богословскиот факултет
Отпочнато е со реализација на првата ламела од Богословскиот факултет

По завршување на археолошките истражувања, на делот каде што се наоѓа Богословскиот факултет отпочнато е со реализација на првата ламела од Богословскиот факултет, а завршени се археолошките истражувања и на втората ламела од овој факултет. Во најскоро време ќе почне со реализација и тој дел од Богословскиот факултет, а третата ламела ќе почне по завршување на археолошките истражувања. Проектот се очекува да биде завршен до 2018 година со партерно и ентериерно уредување на целиот комплекс.

Таа појасни дека проектите се комплетно преработени согласно препораките на Комисијата на УНЕСКО и испратен е извештај со проектите до УНЕСКО.