Груевски: Концесионираните ловишта ќе придонесат за локалниот економски развој

Конкурсот за концесија на 39 ловишта е објавен, а право на учество на електронската аукција имаат сите домашни и странски лица кои ги исполнуваат условите за учество, истакна денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање на промоција на лабораторија на Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Тој појасни, дека од 39-те ловишта кои се дадени под концесија, 13 се за крупен дивеч, а останатите се за ситен.

„Ова е добра можност за сите домашни и странски лица кои што ги исполнуваат условите и критериумите во законот да се пријават. Оној кој што  ќе ја добие концесијата е тој кој што најмногу ќе понуди на електронска аукција“, образлижи премиерот кој додаде дека овој проект е добар  за локалниот економски развој и отвора нови работни места.

Конкурсот за добивање на концесија ќе трае до средината месец март.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.