Груевски конктараше со регионални политички лидери по повод случувањата во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во четврокот вечерта по повод најновите случувања во Собеанието оствари контакти и размени информации со повеќе регионални политички лидери и шефови на влади.

Груевски контактираше со Илир Мета, претседател на албанското Собрание, српскиот претседател и поранешен премиер Александар Вучиќ, избраниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со Кадри Весели претседател на Собрание на Косово и претседател на најголемата партија во Косово.

Груевски преку турскиот министер за надворешни работи остварил контакт и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Била постигната заемна согласност за стабилизирање и смирување на состојбата, како и институционално решавање на проблемите.