Груевски: Лагите на Заев по посетата на Израел се срам за Македонија

Груевски: Лагите на Заев по посетата на Израел се срам за Македонија
Груевски: Лагите на Заев по посетата на Израел се срам за Македонија

Премиерот Никола Груевски во Дневникот на Канал 5 лагите и гафовите на Зоран Заев по неговата посета на Израел ги оцени како невиден срам за Република Македонија.

-Се случи голем срам за државата. Политичар кој претендира за премиерска позиција да замине во странство и да ја брука државата. Невистини зборуваше пред самата зграда. Моите информации говорат дека после случката имале координација МНР , МОСАД и МВР на Израел за тоа како да постапат бидејќи прв пат се соочуваат со ваква работа, по излегување од Владата човекот што го примиле да дава јавна невистинита изјава, истакна Груевски.

Премиерот посочи дека срамот е уште поголем што и покрај тоа што беше фатен во лага, а неговата изјава беше директно демантирана од потпретседателот на израелската Влада, Заев ниту му се извинил на Израел, ниту на граѓаните на Македонија за срамот кој и го нанесе.

-Ако Заев дозволува во една таква сериозна држава да говори такви лаги, што ли да очекуваме ние во Македонија од него, и како опозиционер и како претендент за премиер.Тој покажува дека не е дозреан за градоначалник, а камоли за некоја државна институција. Како секој граѓанин ќе може да му верува на него, кога излегува од состаноци со врвнилуѓе од една пријателска држава и ја лаже сопствената јавност, додава Груевски.

Тој нагласи дека на Израел ќе мора да му се извини за однесување на Заев и ќе изнајде начин како тоа да се реализира, бидејќи Заев во Македонија е опозиционер, но како што рече, во странство ја претставува Македонија.