Средба Груевски – Ли: Економските односи меѓу Македонија и Кина бележат нагорен тренд

Претседателот на македонската Влада на средбата истакна дека кинеските компании се добредојдени за инвестиции во Македонија, при што ги образложи поволните услови за водење бизнис, поволниот даночен пакет, реформите кои се превземаат и можностите кои им стојат на располагање на компаниите кои имаат намера да го прошируваат своето производство.

gruevski-keciang-5

Премиерот Кечијанг Ли посочи дека НР Кина е заинтересирана за и ја поддржува соработката со Македонија. Тој даде позитивна оценка за економските политики на нашата земја и изрази надеж дека во наредниот период ќе се реализираат дополнителни заеднички проекти во областите од взаемен интерес.

Беше договорено во идниот период претставници на двете страни да работат на финализирање на повеќе проекти кои се од заедничко значење и ќе придонесат за дополнително интензивирање на заедничките односи.

Груевски се сретна со претседателот на Кина

Претседателот на Владата Груевски присуствуваше и на приемот кој е организиран по повод кинеската иницијатива за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со НР Кина при што се сретна со претседателот на НР Кина, Џипинг Си.

gruevski-keciang-7

Соговорниците…