вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

Груевски лично бара од Иванов: Повлечете ја одлуката за моја аболиција

Барањето се однесува на секоја поединечна одлука која беше објавена во службен весник и која се однесува на Никола Груевски.

груевски

Поврзани вести

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по прес конференцијата на Претседателот Иванов поднесува барање до него за поништување на одлуките за прекин на кривичните постапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Пресс24.

Пред малку на прес-конференција, претседателот Иванов соопшти дека не ја повлекува одлуката за општа аболиција но дека остава можност секој кој сака лично да побара барање за повлекување на одлуката која се однесува на него.

Внимателно ги проследив и ги анализирав сите реакции по мојата одлука. Сметам дека одлуката го штити исклучиво државниот интерес и ве информирам дека останувам на истата. Уште еднаш повторувам, секој оној кој смета дека сум му одземал право, сторил лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него. Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно правно решение. И политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес, рече Иванов.

Најчитани вести