Македонија

Груевски: Македонија била таргет на прислушување на странска разузнавачка служба

Груевски: Македонија била таргет на прислушување на странска разузнавачка служба

Премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција меѓу другото појасни и на кој начин се вршело прислушувањето во земјата. Шпионажата ја вршеле професионалци од висок калибар кои биле високо обучени за такви дејствија. Македонија била таргет на прислушкување на странска разузнавачка служба.

-Снимано било со тактичка опрема, откао Зоран Заев упати зкани кон мене, МВР ангажраше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу 2 километри, но главно се одвивала низ Центар околу државните институции, рече Груевски.

Тој додаде дека опремата за прислушкување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот, посочувајќи дека истрагата околу ова се уште трае.

-Македонија била таргет на прислушување од странска служа, а кон средината на 2014 за овие маеријали се заинтересирало и лицето Зоран Заев, најпрво се обиде да изнуди техничка влада, користејќи закана дека ќе го објави овој материјал, за подоцна откако уцената ќе се одбие да ја реализира заканата. Директните извршители се уапсени, а за еден од нив кој што во целост го призна делото Судот изрече казна затвор. За останатите ќе следи судската постапка, посочи Груевски на прес-конференцијата.