Груевски: Македонија е четврта во Европа со најголем раст на БДП и четврта најниско задолжена земја

Иако во Европската унија се’ уште се чувствуваат последиците од кризата, Македонија е четврта земја во Европа со најголем раст на бруто домашниот производ и четврта земја со најнизок долг, рече вечерва премиерот Никола Груевски, во своето гостување во Дневникот на телевизија „Сител“ во 19 часот.

„Внимателни сме во целата таа експанзија да не се задолжуваме… Македонија е четврта со најголем раст на БДП во Европа и четврта најниско задолжена земја“, потенцираше премиерот.

Тој нагласи дека земјата се движи во добра насока, потенцирајќи дека главната моторна сила на растот на земјата, во услови на должничка криза, е токму градежништвото кое што забележа раст од 33 отсто, а во исто време позитивно влијае и на 26 други дејности.

Премиерот исткна дека важно за земјата е и намалување на невработеност, спорведена преку низа мерки и проекти кои што се спроведуваат во соработка со Агенцијата за вработување.

„Сите овие мерки се силен импулс, особено за компаниите да се чувствуваат сигурни кога вработуваат млади луѓе, а и да се охрабрат младите да бидат поконкурентни“, рече Груевски, најгласувајќи дека мерката за вработување на млади луѓе до 29 години ќе трае две години за да се утврдат ефектите, бидејќи истата на долг рок нема да ја даде потребната ефикасност.