Македонија

Груевски: Македонија е овој народ

Груевски: Македонија е овој народ

Македонија не е ниту Груевски, ниту Зоран Заев. Ова е Македонија, овој народ. Вие сте најдобриот одговор за сите сценаристи кои цврсто веруваат дека ќе ни ги исперат мозоците, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на големиот народен собир пред Собранието на Република Македонија.

Според првичните проценки, над 90.000 граѓани излегоа на народниот собир во организација на ВМРО-ДПМНЕ за стабилна и силна Македонија. И покрај тоа што митингот почна пред повеќе од еден час, групи граѓани се уште се упатуваат кон собирот.