Груевски: Македонија е силна и одлучна, народот не ја витка кичмата!

Заев мислеше дека со креирани материјали и лажни воведи, со терористички банди ќе не исплашат, мислеше дека ќе потклекнеме и ќе се предадеме, но вечерва го добија одговорот – „Македонија не се предава, Македонија е силна“, истакна премиерот Никола Груевски на народниот собир кој вечерва се одржува пред Собранието.

-Му беа кажале, а овој наивно поверувал и говореше дека за 3 дена ќе сме си заминеле со наведнати глави. Еве денес три месеци подоцна, сплотени како никогаш, цврсти како челик, решителни до бескрај им порачуваме „Нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање, Македонија е силна! Македонија е одлучна,  Македонија пак победува. Ние победуваме. Ќе ја добиеме оваа битка“, порача Груевски.