Груевски: Македонија има многу поголеми предизвици од дневнополитичките интереси

„Немојте да им давате аргументи на сите оние кои ги бараат за да не закочат. Ајде да седнеме и да разговараме отворено и директно како понатаму, поставете разумни барања, јас ветувам дека ние како гарнитура сме спремни да ги прифатиме,“ и порача премиерот Никола Груевски на опозицијата во обраќањето во Пелинце.

– Македонија има многу поголеми предизвици од дневно политичките интереси на поединци или на некои групи, кои не можат да се помират со нивната позиција во општеството и кои срамно се поставуваат над се. Нема да дозволам тие интереси да надвладеат, рече Груевски.

Тој посочи дека на средбата со опозицијата кажал дека мора да има мостови меѓу власта и опозицијата и оти времињата не се воопшто едноставни за државата.

– Ако во нас има вина зошто се срушени, ние сме спремни да ја прифатиме нашата одговорност и да ги градиме повторно, но и тие да ја согледаат и испитаат сопствената улога и да помогнат во градењето на тие мостови. На граѓаните им е потребно тоа. На Македонија и е потребно тоа, истакна Груевски.

Лажните експонирања, додаде, се само резултат на лична слабост и немање на капацитет.

– Лажните вредности, и силења, се резултат на состојба на заробен ум, заробен од суета, и личен страв. Ние не се плашиме од ништо. Ние сакаме да одиме напред. Ние сме должни тоа да го овозможиме на нашите сограѓани, потенцира премиерот Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.