Македонија

Груевски: Македонија има најниско даночно оптоварување во светот

Груевски: Македонија има најниско даночно оптоварување во светот

Македонија со вкупна даночна стапка од 7, 4 проценти е рангирана на првото место во светот за најниско даночно оптоварување на бизнисот според најновиот извештај на Дуинг Бизнис. Ова меѓу другото го потенцираше претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во своето обраќање по повод десетгодишнината на Европската бизнис асоцијација.

– Клучен придонес кон позитивните економски движења имаат с еопфатните реформи за подобрување на бизнис климата во Македонија. Спроведени се бројни мерки со кои е олеснето работењето на фирмите и обезбедена е поддршка за раст и развој на приватниот сектор. Крупни реформи се спроведени во даночната политика преку воведување на најповолен пакет на рамни и ниски даноци, односно данокот на добивка и персоналниот данок на доход изнесуваат само 10 отсто, што е најниско во Европа. Исто така извршено е и намалување на социјалните придонеси за 17 проценти, од 32 посто на 26,5, а се намалија и царините и данокот на додадена вредност за материјали кои се користат како умпут во повеќе индустриски гранки. Сето ова придонесе Македонија со вкупна даночна стапка од 7, 4 проценти да е рангирана на првото место во светот за најниско даночно оптоварување на бизнисот според најновиот извештај на Дуинг Бизнис. Ова е потврда дека домашните како и странските компании се најмалку оптоварени со данок во споредба со било која друга земја во светот, посочи премиерот.

Во продолжение Груевски се осврна и кон другите реформи кои се направени во однос на олеснување на правењето бизнис во земјата. Тој се осврна на воведувањето на електронскиот катастер, подобрувањето на пристапот до кредити, изградбата на нова патна и железничка инфраструктура, проектите за обезбедување на енергетска стабилност во земјата, како и крупните реформи во образовниот процес.

-Постигнатите резултати за подобрување на бизнис климата се видливи и потврдени од релевантни меѓународни извештаи и институции. Во најновиот извештај Doing business 2015 на Светската Банка Македонија е рангирана на виското 30 то место меѓу 189 држави во светот, што претставува подобрување од 64 места споредено со 2006 тата. Македонија повторно е лидер во регионот и подобро рангирана од 16 земји членки на ЕУ. Реформите се спроведуваат во континуитет што придонесува Македонија да го одржува високиот ранг во последните години наназад и да биде вброена во листата на најголеми реформатори, рече тој и напомена дека земјава е речиси на самиот врв кај индикаторите за почнување бизнис, 3-то место во светот и плаќање даноци 7-мо место, а крупен напредок е направен кај индикаторот решавање на стечајни постапки , каде Македонија е на 35-тото место.

Тој посочи дека ЕУ претставува најголем трговски партнер на Република Македонија и нагласи дека во 2013 та година 66 , 6 проценти од вкупната надворешна трговска размена е со земји членки на ЕУ. А во периодот од јануари до септември годинава овој процет е зголемен на 69, 4 при што 77, 2 проценти од вкупниот извоз е во земјите на ЕУ. Исто така дури 85 отсто од странските инвестиции во Република Македонија доаѓаат од земјите на ЕУ. Тој рече дека Владата очекува овој тренд да продолжи и во идниот период секако како резултат на зголемување на производниот потенцијал и натамошното продлабочување на економскиот развој, економските врски, преку присуството на се поголемиот број европски компании во земјата.

-Соработката помеѓу Македонија и ЕУ во следните неколку години ќе биде поинтензивна како во трговската размена така и во однос на странските инвестиции. Поволната бизнис клима во Македонија беше препознаена од повеќе странски инвеститори кои отворија свои фабрики, а некои од нив водени од позитивни искуства се одлучија да инвестираат и во изградба на дополнителни капацитети. Владата на отворен и транспарентен начин на заинтересираните домашни и странски инвеститори ќе им ги об езбеди сите потребни услови за да можат непречено да ги реализираат своите инвестициски проекти, во таа насока и натаму сме отворени за со работка со бизнис заедницата, вклучително и европската бизнис асоцијација, за ди ги поддржиме сите активности со кои ќе се јакнат економските врски со ЕУ.

Настанот по повод Десетгодишнината на Европската бизнис асоцијација беше отворен од страна на претседателот на Асоцијацијата Глигор Бишев, а свое обраќање имаа и првиот претседател на Асоцијацијата Минчо Јорданов како и амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав.

Во продолжение следуваа повеќе панел дискусии, во рамки на кои се обрати и заменик претседателот во Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески.

Европската бизнис асоцијација има 46 земји членки, а остварува соработка со поголем број стопански комори. .