Груевски: Македонија ја вративме на народот, а не на елитите и олигарсите

Карактеристично за нас во овој четири годишен изминат период е што успеавме да се задржиме на земја заедно со и меѓу народот. Македонија дефинитивно ја вративме на народот, а не на елитите и олигарсите. Гласот на народот не беше игнориран, посочи престедателот на партијата и премиер Никола Груевски на 15.   Конгрес на  ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово.

Груевски е единствениот кандидат за претседателската позиција. Зад неговата кандидатура која вчера била доставена до партиското седиште, се потпишале интелектуалци, основачи и актуелни партиски функционери, меѓу кои и режисерот Љубиша Георгиевски, Мане Јаковлевски, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други.