сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 10

Груевски: Македонија ќе победи, ќе продолжи да оди напред и да се развива!

Народот застанува против виткањето на кичми, против сценарија за дестабилизација, против рушењето на мирот и соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине, и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе цени, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-selo-grad-1-768x336

Поврзани вести

Народот застанува против виткањето на кичми, против сценарија за дестабилизација, против рушењето на мирот и соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине, и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе цени, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој испрати порака до граѓаните дека Македонија ќе победи, земјата ќе продолжи да оди напред и да се развива!

Македонија е подолг период во акутна политичка криза и знам дека таа криза го нарушува спокојството на граѓаните, нивниот мир, секојдневието и таа се одразува и на економијата, иако засега економијата се држи солидно. Има и такви кои деновиве ги слушам во дел од медиумите кои порачуваат дека ситуацијата е безизлезна, нема надеж, дека нема светло на крајот од тунелот.  Секој почеток има и свој крај, така е и со кризата. Политичката криза ќе се реши, а ние, сите ние ќе излеземе многу посилни од сето ова. Но и помудри. Нема поголема сила од народот, а секој кој тргнал против народ е осуден на пропаст. Македонија ќе се врати на патеките на напредокот, на економскиот развој, на патот на ЕУ и НАТО и колку некој, поради свои лични интереси сака да не одврати од оваа наша заедничка цел, тој не прави порешителни, уште многу повеќе силни да опстоиме, да се бориме, но и да успееме. Овој народ, оваа држава има капацитет да ги надмине овие проблеми и ќе ги надмине. Како што и во минатото многупати ги надминала. Ние сме се снашле со многу предизвици, со многу опасности и на крај сме ги надминувале предизвиците со мудрост и  со правилен избор на одлуки, секогаш водејќи сметка за националните и државни интереси. И кога е најтешко секогаш со народот бил ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ВМРО е константа која опстојала и во многу потешки времиња, ВМРО- е код околу кој се собирале сите кој ја сакаат слободата и самостојноста на земјата. ВМРО е емоцијата околу која се врзуваат многу судбини на Македонија. Тоа било така во минатото, така е и сега. ВМРО останува стремежот за слобода и стремежот за својата држава и независност. Стремежот за сопствен напредок и успех. Во нашата основа е да ја заштитиме нашата држава и ве уверувам дека ќе успееме и ќе победиме, затоа што народот е силен и свесен и многу добро знае што се случува. Народот застанува против виткањето на кичми, против сценарија за дестабилизација, против рушењето на мирот и соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине, и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе цени, порача Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ исто така истакна:

Во пресрет на претстојните празници сакам да упатaм порака до сите дека  Македонија ќе победи. Македонија ќе продолжи да оди напред и да се развива.

Груевски им го честиташе најголемиот празник Велигден на сите кои го слават и им посака на граѓаните пријатни, радосни и спокојни празнични денови.

Најчитани вести