Груевски: Македонија ќе излезе посилна од ова, со решение засновано на волјата на народот

Премиерот Никола Груевски во дневникот на Сител истакна дека мора да се најде решение за кризата во Македонија, но дека тоа решение мора да биде засновано на волјата на народот.

-Решение мора да се најде и тоа мора да биде одраз на волјата на народот и на граѓаните на Република Македонија. На нивната волја изразена на последните избори. Решение мора да се најде и тоа не смее да биде по насилен пат, како што можеби некој планирал. И решение ќе се најде. Македонија ќе излезе уште поцврста од оваа криза, со многу поуки и ќе чекори напред уште посилно отколку пред ова, рече македонскиот премиер.