Груевски: Македонија не може да биде играчка на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска приуствуваше на семинар на тема: Дигитална Европа: Младински Политики за Просперитет” кој е организиран од страна на Демократската Младинска Заедница на Европа и Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфред Мартенс Центарот за Европски Студии.

Во своето обраќање Груевски истакна дека одбегнувањето на избори не е за спас на слободата и демократијата, туку за спас на личните кариери на раководството на СДСМ.

Тој порача дека притоа тие треба да се свесни дека државата не е алатка дадена во рацете на поединци, и таа не може да зависи од одлуките на десетмина, стотина.

-Македонија не може да биде играчка на СДСМ. Иднината на оваа држава зависи од целиот народ, порача Груевски.

Тој додаде дека СДСМ проблемот треба да го бара само во сопствените редови и потенцира дека опозицијата добро знае оти СДСМ се плаши од народот и од поразот.

-Јасно е дека не е ниту до слободата и демократијата, не е ниту до избирачкиот список, или медиумите, туку проблемот е во СДСМ. Тие треба да го бараат во сопствените редови.  Има ли поголема слобода и демократија од тоа кога народот одлучува на избори. Има ли поголема доблест од таа политичарите да му препуштат на народот да одлучува. СДСМ се плаши од народот, СДСМ се плаши од пораз и тоа опозицијата добро го знае. Тие се свесни за нивниот низок рејтинг помеѓу граѓаните, потенцираше Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.