сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Груевски: Македонија не смее да е ничиј експеримент!

Дали сметате денеска дека некои прашања не заслужуваат одговор како што тогаш велеше опозицијата? Сите ние го знаеме одговорот на овие прашања. Oдговорот на овие прашања се гледа во очите на нашите сограѓани насекаде каде што одиме и не е грев така да се мисли, рече Груевски на почетокот од своето обраќање перед стружани.

struga-n-640x480-1

Последни вести

Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста која СДСМ и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел, а таа е комплетно редефинирање на државата, порача вечерва од Струга лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Драги мои стружани, да ве поздравам и да ве прашам на самиот почеток дали вие поддржувате федерализација и двојазичност на целата територија? Дали ќе им кажете на вашите браќа и сестри, сограѓани  што значи да се пропушти шанса и да се изгуби референдум, бидејќи тоа на грб веќе го почувствувавте. Дали сметате денеска дека некои прашања не заслужуваат одговор како што тогаш велеше опозицијата? Сите ние го знаеме одговорот на овие прашања. Oдговорот на овие прашања се гледа во очите на нашите сограѓани насекаде каде што одиме и не е грев така да се мисли, рече Груевски на почетокот од своето обраќање.

Груевски рече дека тоа не значи дека не е потребен соживот и разбирање, толеранција, соработка и заедништво со сите етнички групации, но значи дека не може да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет.

-Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој оној кој не веруваше или барем малце се сомневаше, сега знае, сега му е јасно и кристално чисто го гледа сценариото кое се надвиснува над нашата држава. Важно е овој пат да не оставаме некој да не не слушне и да не го разбере нашиот повик и важноста на овие избори за иднината на државата. Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста која СДСМ и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел, а таа е комплетно редефинирање на државата. Струга, Кичево, дел од Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и други места низ нашата држава најдобро ги знаат искуствата од експериментите на СДСМ, рече Груевски.

gruevski-struga-gif3

Македонија не смее да е ничиј експеримент, додаде Груевски и вие граѓаните на Струга тоа ќе го докажете затоа што знаете што е што и кој е кој.

-Заев кажа дека грешка била коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, затоа што нему не му приличело да биде патриот, срамота било. Замислете овој човек кој претендира да биде премиер смета дека не приличи да се сака татковината. Што друго може да очекувате од него. И кога ќе помислиме дека не може да не изненади со нешто ново или пострашно. Тој излезе со нешто што го нарекува програма. Знаете тоа што тој го нарекува план, а почнале да го нарекуваат клан на Заев. Тоа е една несериозна работа која е направена принудно, имаше дваесетина страници, па кога видоа дека нашата има над 500 страниц, набрзинка склепале нешто подебело и го гледам Заев како мафта по Македонија со тој памфлет. Но најважно е што во тој памфлет не знаеле што да стават па пополниле со некои наши проекти кои се веќе реализирани, рече Груевски.

На брзина напишале програма колку да се рече дека имаат нешто па ветуваат проекти кои веќе, рече Груевски, ние ги реализираме, како автопатот Скопје Штип, Демир Капија Смоквица, Кичево Охрид, како и регионалниот пат Кочани Македонска Каменица Делчево. А на овие делници машини работат. Тоа е понудата на Заев. Измислено, препишано, нереално.

-Го слушам Зоран Заев како низ призма на години ги опишува животите на лицата кои поминале низ времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните. Епа добро е да потсетиме како тоа изгледа низ призма на еден подолг период. Лицето кое имаше 30 години во 2006та година и кое во својот живот растеше во болна транзиција, со родители кои не работат бидејќи беа отпуштени од украдените фабрики од СДСМ, со дедо и баба од кои беа украдени пензиите, лице кое завршило средно образование кое плаќа и факултет без шанса да го заврши  бидејќи постоеа енормно високи цени, здравство за кој карактеристика беше белата мафија, денес тој човек од 2006-та има дете кое може да има работи кои никогаш тој ги немал во минатото, бесплатно средно образование, шанса за факултет кој е по намалени цени и бесплатно здравство, баба и дедо со зголемени редовни пензии за над 70 осто. Тоа е промената која ја чувствува народот. Поради тоа и ни ја дава довербата, рече Груевски.

Најчитани вести