Груевски: Македонија нема да дозволи да и се случи Заев!

Премиерот Никола Груевски од големиот народен собир во Скопје порача дека Македонија нема да дозволи да ја води политичар како Зоран Заев и дека овој човек никогаш нема да стане премиер на нашата земја.

-Нивниот инструмент кој го видовме како Струмица си ја направил пашалак, приватна фирма, крава-молзница, си вовел сопствени даноци за лично богатење, нема да ја оствари целта. Никогаш нема да биде премиер, никогаш нема да дозволи Македонија да и се случи Заев. Македонија никогаш нема да дозволи да ја водинекој кој испраќа СМС пораки кај претседателите на други политички партии каде вели дека не народот, туку некој однадвор ќе го донел на власт и не го негираше тоа. Македонија никогаш нема да го довери буџетот на таков човек и најблиските следбеници и на странски разузнавачки служби. Македонија нема да дозволи да има премиер кој ќе бара народот да ја витка кичмата. Македонија немаа да си дозволи да ја предводи човек кој со дестабилизација на државата сака да се дограби до функцијата, порача премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.