Груевски: Македонија нема дилема, нејзината иднина е во НАТО и ЕУ

Премиерот Никола Груевски, во интервју за „Прес 24“, ги дематираше анализите кои посочуваат дека Владата го сменила својот стратешки курс од ЕУ и НАТО кон РусијаТој вели дека е јасна определбата на Македонија, а тоа го кажал и на последниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, на кој присуствуваа околу 100.000 поддржувачи на актуелната политичка власт. 

„Не е точно дека не сум се произјаснил. Напротив. Тоа го сторив и на митингот на ВМРО-ДПМНЕ неодамна кога пред 100 илјади граѓани и стотици медиумски преставници од Македонија и светот, многу јасно кажав дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ.Патем речено тоа го имаме демонстрирано и преку бројните наши учества во НАТО и ЕУ мисиите, како што се мисиите во Авганистан, Ирак, БиХ итн.Значи,ниту  јас ниту Владата  немаме дилеми по ова прашање.  За жал блокадата која ја имаме овие 6-7 години за членствотово НАТО и почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, мислам дека ни направи голема штета на секаков план“, вели Груевски.

За последните настани во Куманово, и шпекулациите дека зад инцидентот стојат САД, или Германија, Франција или Британија, Груевски со став дека докази за тоа нема и  негледа зошто токму држави кои толку многу инвестирале досега во стабилноста и развојот на Македонија би помисилие да ја дестабилизираат.

Целото интервју прочитајте го на „Прес 24“