Груевски: Македонија нема потенцијал за конфликт бидејќи народот не го сака тоа

Сите етнички заедници сакаат мир и просперитет, тоа се покажа во Куманово, кога и покрај многуте апели терористите да добијат помош, никој не ги поддржа. Тоа беше пресметка на полицијата со терористичко криминална банда. Македонија нема потенцијал за конфликт и дестабилизација затоа што народот не го сака тоа, истакна премиерот Никола Груевски на големиот народен собир во Скопје.

Тој додаде дека ова што го прави Заев ќе заврши и земјата ќе продолжи напред.

-Не постои простор за загриженост од поголеми размери, Македонија е силна, Македонија има свои слабости и работи кои треба да ги подобри, но Македонија има сила да го подобри тоа, посочи Груевски.

-Иако досега немаше посериозни штети по економијата, психолошката состојба по терористичкиот напад, како и изјавите на Заев дека ќе паѓало крв, почна да и прави проблем на македонската економија особено во делот на извозот. Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори исто како и кај домашните, но компаниите не треба да се плашат, имаат пријателски настроена влада која ги разбира и континуирано им помага и тоа ќе продолжи, потенцираше Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.