вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 62

Груевски: Македонија очекува датум за преговори

Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата, посочи Груевски.

Груевски: Македонија очекува датум за преговори

Груевски: Македонија очекува датум за преговори

Поврзани вести

Статус-кво ситуацијата во контекст на евроатланските интегративни процеси е лоша за државата и одбегнување или пренасочување на одговорноста од било кого сите ќе ја гледаат како соучесништво во неуспехот, рече премиерот.

Тој потенцира дека Република Македонија очекува датум за преговори и откочување на интегративните процеси кој ќе биде заслужена верификација на се она што до сега е направено и што ќе се направи.

– Владата на Република Македонија, темелно ќе го проучи и анализира Извештајот на Комисијата. Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, и ќе бидат преточени во конкретни дополнителни мерки при ажурирање на Владиниот Акциски план за итните реформски приоритети и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, посочи Груевски

Најчитани вести