петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Груевски: Македонија продолжува напред, нова инвестиција на Ван Хул

Денес ќе биде потпишан договорот со белгиската компанија Ван Хул за втората инвестиција во Македонија.

gruevski-profilna-640x427

Поврзани вести

Денес ќе биде потпишан договорот со белгиската компанија Ван Хул за втората инвестиција во Македонија.

Македонија продолжува напред! Нова инвестиција на Van Hool. Реномираната белгиска компанија отвора втора фабрика во Македонија во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот ФБ профил.

Тој нагласува дека инвестицијата е вредна над 15 милиони евра и ќе се вработат повеќе стотици луѓе.

van-hul-gruevski

Во првата веќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар. Условите со кои ги креиравме и добрата бизнис клима даваат резултат. Упорноста и пожртвуваноста на владиниот тим, пред се на Веле Самак кој ги донесе Van Hool во земјава и на Виктор Мизо кој ја договараше втората инвестиција, беа клучни за овој успех. Секако, своја заслуга имаат и потпретседателите на владата. Македонија од земја надвор од мапата на инвеститорите, стана земја која според добрата бизнис клима е 6-та во Европа и 12-та во светот. Практично, за оние кои бараат поконкурентни услови за работа, Македонија е прва во Европа имајќи предвид дека земјите пред нас на ранг листата на светска банка (Англија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска) имаат високи трошоци за правење бизнис, напиша Груевски.

Најчитани вести