среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Груевски: Македонска инвестиција ќе отвори 200 нови работни места

Денес во технолошко индустриската развојна зона во Скопје почнува со градба втората македонска инвестиција, напиша денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

инвестиција

Поврзани вести

Во продолжение следува интегрален текст од објавата на Груевски.

Станува збор за компанијата „ФПЦ Технопласт” која е фирма-ќерка на компанијата „Тетепласт” која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар. Со денешниот настан се одбележува една нова етапа од работата на оваа домашна компанија, почеток на една сериозна инвестиција која се проценува на околу 10 милиони евра и која треба да отвори 200 нови работни места во Македонија. Тоа значи сигурна егзистенција на 200 семејства. Планирано е инвестицијата да се реализира во две фази, од кои, во првата фаза ќе се вработат првите 100 луѓе, а по целосното комплетирање на оваа домашна инвестиција ќе се стигне до бројката од 200 вработувања. Целокупното производство на оваа компанија ќе биде наменето за извоз. Целта на оваа инвестиција е резултат од потребата за реализација на веќе постоечките проекти кои ги имаат за реномираните компании од автомобилската и електро индустријата. Договорот за инвестирање се потпиша уште во декември минатата година кога ја предводев владата, а првите контакти со оваа компанија беа остварени преку Катерина Димовска, поранешен инвестициски промотор во Хрватска и Норвешка, потоа вработена во Владата и посветена на барање инвеститори од странство, но и од Македонија. Оваа инвестиција се реализира и како резултат на посветеноста и макотрпната работа на Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, како и на директорот за Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Виктор Мизо. По “Хај тек” ова е втора домашна компанија која инвестира во зоните под исти услови како и сите странски компании, што е уште еден демант на невистините произлезени од нашите политички противници кога тврдеа дека зоните се само за странски компании. Ние продолжуваме да работиме и да се бориме за секое работно место. Отворањето на нови работни места е тоа што на граѓаните им носи конкретна корист и ги решава нивните проблеми, тоа е она што е одговор на нивните барања. Ние продолжуваме понатаму заедно со граѓаните да создаваме уште многу заеднички дела за напредна и подобра Македонија.

Најчитани вести