Груевски: Медиумите се регулирани особено во изборниот период

Не е вистина дека медиумите не се регулирани- порача денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Медиумите се регулирани особено во изборниот период и има строги правила за еднаква застапеност на сите партии или блокови, еднаква застапеност на сите партии или блокови, еднаква можност за рекламирање и еднаква можност за претставување. Медиумите се задолжени со закон да информираат со еднакво време за секого, и ваков закон изгласавме заедно со СДСМ неодамна во парламентот. На пример ако ВМРО има 8 минути реклами, исто така 8 минути реклами да има и СДСМ. И обврска за балансирано информирање во вестите, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.