Груевски: Монструозен е чинот со венецот кој сами го направија

Премиерот Никола Груевски од денешниот народен собир во Охрид го коментираше и случајот со испратениот венец до новинарот Борјан Јовановски.

За венецот на Борјан Јовановски можам да кажам само една реченица. Така провидно и монструозно е тоа што самите си го направија да човек може само да замисли на што уште се спремни овие луѓе. Па уште глумат демек љути се, па носат венец во Владата, па Заев држи прес за медиуми, па завршува дека ќе имало венец на слободата и слично. И после ајде сите актери на частење во СОРОС….по наградата. Каква мизерија од луѓе, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.