Груевски: Мотивот на Иванов е патриотски, но не може да бидеме во исти кош со криминалец како Заев

Груевски: Мотивот на Иванов е патриотски, но не може да бидеме во исти кош со криминалец како Заев
Груевски: Мотивот на Иванов е патриотски, но не може да бидеме во исти кош со криминалец како Заев
Следејќи ги тезите на претседателот тој навистина има патриотски мотиви, сака да помогне за доброто на државата, вели во интервју за Канал5 телевизија претседателон на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Значи вака, околу претседателот Иванов. Претседателот Иванов е претседател на државата зад кого што застана ВМРО-ДПМНЕ, ние го предложивме и ако не беше партиски кандидат, не беше член на партијата и сега не е, но сепак заради неговите квалитети и заради неговите блиски ставови со нас го предложивме и тој стана претседател на Република Македонија и ние го почитуваме. Факт е дека тоа што сега го направи не може да се најде некоја законска уставна грешка и ако гледам СДСМ зборува за такви работи, измислува се и сешто, меѓутоа во тој дел перфектно ја има завршено работата во правно уставниот дел. Го следев внимателно неговиот говор, неговите тези и можам да кажам дека навистина мотивот е патриотски и токму затоа нашата реторика кон него е многу поумерена отколку реториката на СДСМ, меѓутоа сепак ние не можеме да се согласиме да бидеме ставени во исти кош, со еден класичен криминалец каков што е Заев. Со еден ноторен лажго, со еден патолошки лажго, со човек кој што е спремен да си ја продаде државата и државните интереси заради негов личен интерес, со човек кој што е безкичмењак, за нас е неприфатливо, за мене лично неприфатливо е да бидам во исти кош со една таква личност, со човек кој што едно збори друго прави, човек што ги лаже и најблиските во неговата околина, неговите најблиски пријатели, неговите најблиски соработници во партијата, човек што ја лажи целата нација и да бидеме ставени во исти кош со него, тоа е неприфатливо иако повторувам следејќи ги тезите на претседателот тој навистина има патриотски мотиви, сака да помогне за доброто на државата и тука не можам да му најдам забелешка ниту пак во тој уставно законски дел, но ставањето во исти кош со една ваква негативна личност, личност која што во својата изборна единица, во четвртата изборна единица има 62 посто негативно мислење за него, рече Груевски.

Значи во неговиот регион, 62 отсто од луѓето имаат негативно мислење на сите јавни анкети, а помалку од 20 отсто имаат позитивно.

-Со еден таков човек кој што ја лажеше целата нација дека била најприслушкуваната личност во државата, а сега гледаме како сите нас не извади како прислушкувани а него не го слушнавме, сега гледаме како СЈО само разговорите фабрикувани од луѓето од ВМРО-ДПМНЕ ги анализираат, а ниту еден негов разговор не анализираат а не поведуваат постапка. Со еден таков човек со еден таков народно кажано таков преварант да бидеме во исти кош за нас е неприфатливо и токму затоа јас лично а гледам и голем дел од луѓето околу мене поднесоаа барање до претседателот да најде некој правен основ да не иземе од сето ова за да не бидеме во клубот на овој човек, кој ќе биде запамтен во негативниот дел од историјата на државата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.