Груевски: Му благодарам на Заев, од снимките се гледа дека за идентитетот сме сакале да добиеме гаранции

Никола Груевски и оваа влада имаа речиси 9 години доколку сакаат да го променат името, да го направат тоа, но очигледно тоа не е сторено, името е тоа што беше и пред девет години. Напротив, СДСМ е таа што го го смени името и тоа неполни две години откако дојде на власт кон крајот на 1992 – та година. Веќе кон 1993, 1994 со една манипулација на народот, без да го консултираат народот извршија промена на името, прифатија да се викаме ПЈРМ и го излажаа народот дека тоа ќе биде само два месеци и дека потоа ќе се врати по старо. Ова денеска го истакна премиерот Никола Грувески на гостувањето во вестите на Сител.

Груевски посочи дека тоа кореспондира и со денешниот став на Зоран Заев кој што јавно кажува дека тој би ја свиткал кичмата и дека сите ние треба да ја свиткаме кичмата.

-Ова е обид за манипулација. Со она што тој го објави, оние креирани, сечени и лепени материјали  не успеа да го постигне тоа што го сакаше, да не прикаже дека сакаме да и направиме лошо на Македонија. Колку и да сечел, лепел, се гледа дека станува збор за размена на мислења помеѓу нас. Второ не обвини дека сме имале разговори за името. Па добро, тоа ни е работа нас, да имаме разговори за името. Народот очекува решение, нормално е да разговарам за тоа прашање и да барам решение, истакна Груевски и додаде дека тиа е суштината на работата да се разговара и да се разменуваат мислења, да се најде решение.

Груевски додаде дека многу луѓе се нуделе да бидат посредници во разговорите, да помогнат со цел побрзо да се дојде до решение.

-За идентитетот од снимките се гледа дека за идентитетот сме сакале да добиеме гаранции преку резолуција на ООН и многу сум му благодарен за тоа на Заев. На снимките се слуша гласот на Јолевски кој вика дека бараме да се гарантира идентитетот преку резолуција од ООН, заклучи Груевски.

Ние, додаде Груевски, во неколку наврати потврдуваме дека кај нас ништо не би поминало без референдум.

-Токму во тие колку и да се креирани материјали не можел да го извади тоа дека збориме за референдум, рече Груевски.