Груевски: На 11 декември народот ќе гласа ПРОТИВ кризата, и ЗА просперитетна Македонија

кризата

Тој посочи дека Македонија е силна и нема да дозволи да ја држат под постојана тензија, да ја редефинираат и променат на полошо, или пак да си поигруваат со неа и со извесноста на нејзината иднина, со нејзиниот суверенитет и со нејзината државност.

– Македонија која сака да оди напред верувајки во сопствените капацитети и во сопствените вредности. Македонија во која живее горд и достоинствен народ, кој е мудар и многу добро знае да препознае што се случуваше сиот изминат период. И народ кој никој не смее да го потценува. Силата на нашиот народ ни даваше и нам сила да истраеме да издржиме и да бидеме подобри, убедени дека народот знае каква иднина за себе посакува, и кој може таква иднина да му обезбеди. Иднина на развиена економија, на подобар стандард, на нови работни места, на фокусирање и решавање на реалните проблеми на луѓето. Затоа што суштината и смислата на делувањето на сите политичари е подобар живот за луѓето, изнаоѓање работни места, како што ние изнајдовме со Дрексел Мајер, кој вработи над 5.600 луѓе, наоѓање на можности за луѓето и решавање на нивните проблеми, подобра економија и се она што може да и помогне на татковината и на граѓаните. Ние знаеме кои се очекувањата од нас. Веруваме во тебе и веруваме во Македонија. Тука сме да ги штитиме вашите интереси, да ги штитиме интересите на државата. Време е Македонија да продолжи да оди напред! Доста беше криза! Доста ја влечеа државата надолу! Време е да се остави конфликтноста и поделеноста зад нас и да продолжиме напред со силно темпо, порача Груевски.

Заради сето ова, додаде тој, заради нашата верба во вас, заради вашата љубов кон Македонија и вашиот избор за тоа кој може да направи повеќе за вас и вашето семејство.

-И со кого ќе бидете посигурни дека нема да ве изневери и да ве излаже, знаеш што е подобро за тебеи за твоето семејство, знаеш што е подобро за Македонија, знаете што е подобро за Македонија, и на 11 декември сите вие знам дека ќе го кажете тоа и ќе изберете Влада која ќе ја води земјата напред во нови успеси, заклучи Никола Груевски.