четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 56

Груевски: На 24. април доаѓа одмаздата на народот

gruevski-unija-zeni

Последни вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето обраќање на Годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека помина година во која некој користејќи го СДСМ сакал на највалкан начин да го сруши ВМРО-ДПМНЕ, како и да ја дестабилизира Македонија.

-Се беше совршено подготвено, но како што знаеме не постои совршен злочин. Во овој случај недостасуваше една сериозна финеса, која како и многупати низ историјата се покажа клучна за нашиот опстанок, која ја заборавиле, или во најмала рака ја потцениле, а тоа е народот, тоа е народот на Македонија.  Колку и во почетокот накратко да го збунија, изненадија, некому му создадоа магла пред очите, народот, побрзо од сите очекувања ја свати добро и долго подготвуваната валкана игра, и ја отфрли, рече Груевски.

Тој нагласи дека народот на Македонија уште еднаш покажал дека има капацитет за државност. После сите игри, после сите местенки, после потрошени толку многу години во подготовки за преврат и остварување на некои други интереси, денес на 24ти јануари 2016та, рече Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се посилни и пообединети, одколку кога и да било досега.

-Затоа Македонија е силна. Заради нејзиниот народ, заради неговиот капацитет, и неверојатна моќ да ги препознае валканите игри и лошите намери. Политичката криза која ја одбележа изминатата една година, ќе завши со предвремените избори во април. Сега народот е погневен од било кога. Но за жал на СДСМ, гневот не е кон ВМРО-ДПМНЕ, туку кон оние кои го силуваа, кому му го силуваа уставот и законите, кои му донесоа политичка криза и неизвесност, и прават се таа истата да продолжи и да се продлабочи, кои создадоа ситуација заради интересот на државата и народот привремено доброволно да се повлечат оние кој тој самиот си ги одбра, на кого му наметнаа функционери кои не ги сака и не ги одбрал, кој ги отфрлил на изборите, на кого му донесоа закони и институции кои не се нивни избор, рече Груевски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ нагласи дека на 24-ти април, доаѓа казната и одмаздата на народот, доаѓаат неговите 5 минути.

-Тоа е ден кога овој народ, народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка на клоци вештачки и насила насадените функционери и ќе испрати неколку пораки, рече Груевски.

Најчитани вести