Груевски на Бајрамската молитва во џамијата во Шуто Оризари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски утринава присуствуваше на молитва која се одржа во чест на муслиманскиот празник Курбан Бајрам во централната џамија во Шуто Оризари.

Денеска муслиманските верници го празнуваат празникот Курбан Бајрам и џамиите се преполни уште од раните утрински часови.

gruevski

Груевски на присутните верници им го честита празникот посакувајќи им добро здравје, успех, и просперитет во семејствата. Тој им посака благодет и убаво празнично расположение.

gruesvki-2

gruesvki-3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.