Груевски на Бајрамската молитва во Шуто Оризари

Премиерот Никола Груевски, утрово присуствуваше на Бајрамската молитва во џамијата во Шуто Оризари во Скопје.

2500ffdfbfbbb

По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, Груевски на присутните верници им упати честитка посакувајќи им добро здравје, успех, мир и просперитет во семејствата. Тој им посака благодет и убаво празнично расположение.

3500dbfdbdbdfbdbdfb

Воедно премиерот Груевски упати порака на единство и меѓусебно почитување како основа за напредок и општ развој во државата.