понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Груевски: На економијата потребна и е политичка стабилност за поголем број на инвестиции и работни места

И покрај политичката криза добро е што Македонија ја зачува економската стабилност, со солиден економски раст, и што е најважно со континуирано намалување на невработеноста, на историски најниска стапка на невработеност од 23.4 осто, и со голем број ново отворени работни места, кои се резултат на макотрпна работа и во оваа и во претходните години на овој план.

економијата

Поврзани вести

Таа работа и таа посветеност не донесоа на ранг листата која еднаш годишно ја објавува Светската банка на 5тото место во Европа и 10то во светот според  добрите услови за правење бизнис. Ова, заедно со фактот дека сме земја со најниски даноци во светот, и земја која изгради сериозни капацитети и систем за привлекување и подршка за инвеститорите, а со тоа и нови работни места, како и постепено зголемување на економскиот стандард, сето ова е голем капитал, кој веќе се материјализира со голем број странски инвестиии, но и многу домашни кои или се прошируваат или започнаа нови активности. Секако ако ја немавме политичката криза, на овој план можеше да се направи и многу повеќе, но би рекол во дадените околности се извлече максимумот.

На сите нас, и на економијата потребна ни е
политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број на инвестиции, на нови работни места и зголемување на стандардот во 2017тата. Јас лично, и партијата која ја предводам ќе направиме се што е во наша моќ да се обезбеди политичка стабилност, да заврши политичката криза и земјата да чекори напред.

Најчитани вести